Зеленски првпат спомена преговори со Москва без враќање на границите од 1991 година!

Преговорите меѓу Москва и Киев би можеле да започнат без враќање на Украина на границите од 1991 година, се вели во изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за ТВ каналот CBS News.

– Не е неопходно да се деокупираат сите наши територии исклучиво со воени средства. Сигурен сум дека тој (претседателот на Русија) ќе биде подготвен за дијалог кога ќе загуби се што презеде од почетокот на 2022 година – рече Зеленски.

Киев претходно тврдеше дека почетокот на преговорите е невозможен додека руските трупи не ја напуштат територијата на Украина, во границите од 1991 година.

Во интервју за Вашингтон пост, Володимир Зеленски рече дека доцнењето на Конгресот во одобрувањето на пакетот воена помош од 60 милијарди долари скапо ја чинеше Украина.

Како што објасни тој, украинската армија не успеала да ги планира идните операции, а конгресмените се расправале речиси 6 месеци.