Отказ за тренерот на Лестер – имал сексуална врска со фудбалерка која ја тренирал

Скандал го потресе Островот и англискиот женски фудбалски клуб Лестер Сити откако беше откриено дека менаџерот Вили Кирк имал непримерен однос со играч на неговиот тим.

По опсежна истрага, Кирк добил отказ, а британските медиуми пишуваат дека тој бил под истрага извесно време пред конечно да биде донесена одлуката за негово отпуштање.

Лестер Сити соопшти дека по опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекршил кодексот на однесување на тимот до степен што ја направил неговата позиција неодржлива. Ова доведе до отказ на Кирк по две сезони во клубот.

Вили Кирк пристигна во Лестер Сити летото 2022 година како спортски директор, за да ја преземе улогата на тренер неколку месеци подоцна.

Во текот на оваа сезона неговиот тим не постигна забележителни резултати, заземајќи го само деветтото место во англискиот шампионат.

Едноставно е неверојатно да се слушне како вакво нешто се случува во модерниот фудбал.