Министерката Петровска го доби спорот со Драган Ковачки: Неправедно ме клеветел, пари од нечесник не сакам

Во Основниот граѓански суд во Скопје заврши процесот што министерката за одбрана Славјанка Петровска го покрена против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки за ширење каги и клевети.

По донесената пресуда министерката Петровска се огласи на социјалните мрежи:

„Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки“.

Taa додава дека се откажала од паричниот надомест:

„Како што кажав и на почетокот во медиумите: `Пари од нечесник не сакам` и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест. Секој го прави тоа што најдобро го знае, тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.