Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во скопска Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара.

Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.

Претходно, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека биле приведени три лица. Според него мотивите за убиството на докторот не биле поврзани со неговата професија.

Убиениот лекар од Скопје имал 67 години и бил најден со најмалку 9 убоди и искрварен во неговиот автомобил во близина на паркот Железара.