„Изборните штабови на шестемина претседателски кандидати одговориле позитивно на иницијативата на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, да се одржи мастер дебата на која сите претенденти за шеф на државата ќе имаат можност да ја претстават својата програма и својот концепт за тоа како ќе ја водат државата доколку победат“.
Ова денеска го брифира од изборниот штаб на Пендаровски.
„Државната изборна комисија потврди дека има седум кандидати за претседател на државата и за нас не постојат спорни кандидати. Го почитуваме гласачкото тело на сите кандидати и кога некој претендира да стане претседател на државата треба да го има предвид фактот дека тој е претседател на сите граѓани. Нашата идеја е дебатата да се одржи со сите седум кандидати и добро е што имаме позитивен одговор од сите штабови. Не можеме да кажеме финално дека ќе има дебата бидејќи во следниот период штабовите ќе треба да ги договорат техничките аспекти. Организацијата и трошоците за мастер дебатата ќе бидат заеднички“ – посочија од изборниот штаб на Пендаровски.
Оттаму додаваат дека најверојатно ќе има само една мастер дебата, бидејќи времето не дозволува да се одржат две и таа би се реализирала на почетокот од кампањата, односно, планот е таа да се одржи до 10 април.
Од штабот на Пендаровски информираа дека вечерва во Клубот на пратеници ќе се организира ифтарска вечер, на која се поканети претставници на ИВЗ и неговите противкандидати за претседател. Ваква вечера, како што соопштија, Пендаровски ќе организира и за Велигден.
Досега поканата за ифтарска вечера ја отфрли кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска.