Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас денеска не го поддржа извештајот на известувачот Дора Бакојани за прием на Косово во Советот на Европа, порачувајќи дека Приштина треба да формира Заедница на српски општини и да ја укине одлуката за експропријација на српскиот имот.
Тој го поздрави фактот што Приштина конечно ја спроведе пресудата на Уставниот суд во Приштина за случајот со манастирот Високи Дечани, пренесува грчкиот портал Dnews.
Сепак, тој посочи дека тоа не е доволен и единствен услов, посочувајќи дека Приштина се уште има обврски поврзани со формирањето на Заедницата на српските општини и законот за експропријација на малцинскиот имот.