Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва се искачи на 143

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека бројот на загинати во терористичкиот напад врз „Крокус сити хол“ во предградието на Москва се искачи на 143.

Како што соопшти претходно денеска Рускиот истражен комитет, веќе се идентификувани телата на 84 жртви.

Меѓу нив има пет деца на возраст од девет до 16 години.