Полските фудбалери се последните, 24-ти учесници на Европското фудбалско првенство што од 14-ти јуни до 14-ти јули годинава ќе се одржи во Германија.
Во финалето на дополнителните квалификации го победија Велс со 5:4 (0:0, 0:0) на пенали.
Во текот на 120 минути игра се гледаше многу слаб фудбал, двете екипи беа превнимателни, па патувањето на ЕУРО беше решено со удари од белата точка.
Сите пет полски изведувачи беа сигурни, исто како и првите четворица играчи на Велс, а во последната серија полскиот голман Шчесни го запре ударот на Даниел Џејмс и на својата репрезентација ѝ го обезбеди петто патување по ред на континенталниот шампионат.
Полска на ЕУРО ќе игра во групата Д со Холандија, Австрија и Франција.
Претходно вчера фудбалерите на Украина, исто така, се пласираа на ЕВРО откако повторно со престврт во финалето на дополнителните квалификации го совладаа Исланд како домаќини во полски Вроцлав со 2:1 (0:1).
Исланд поведе по половина час игра со одличниот удар на Гудмундсон (30) од околу 25 метри, но подоцна Украина доминираше и го сврте резултатот преку Циганков (54) кој погоди по убава полуконтра и Мудрик (84) кој го потврди својот екстра талент и со удар од врвот на шеснаесетникот го погодив долниот десен агол од противничкиот гол.
Така Украина четврти пат по ред ќе се појави на ЕУРО и ќе игра во групата Е со Белгија, Словачка и Романија.
Први во вторникот на настап на европско првенство, и тоа првпат во историјата, откако на патот кон претходното беа елиминирани од Македонија,
се радуваа грузиските фудбалери. Упсехот додје откако својот терен во Тбилиси беа подобри од Грција со 4:2 по подоброто изедувањео во пенал-рулетот.
Во игра со високи влогови, двете екипи не сакаа да ризикуваат премногу во текот на сите 120 минути игра, па победникот беше решен со удари од белата точка. Четири од петте грузиски играчи беа сигурни реализатори, додека дури двајца од четворица грчки играчи беа непрецизни. Голманот Мамардашвили одбрани удар на Бакасетас уште во првата серија, додека Ѓакумакис го промаши голот во четвртата серија.
Грузија ќе игра во групата Ф со Турција, Португалија и Чешка.
ГРУПИ НА ЕУРО:
ГРУПА А: Германија, Шкотска, Унгарија, Швајцарија
ГРУПА Б: Шпанија, Хрватска, Италија, Албанија
ГРУПА Ц: Словенија, Данска, Србија, Англија
ГРУПА Д: Полска, Холандија, Австрија, Франција
ГРУПА Е: Белгија, Словачка, Романија, Украина
ГРУПА Ф: Турција, Грузија, Португалија, Чешка