Костадиновска Стојчевска: СДСМ фокусот го става на граѓаните, во ВМРО-ДМНЕ нема никаква промена

Зборувајќи за понудата на претстојните парламентарни избори министерката за култура и потпреседателка на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска истакна најавите за пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ се доказ дека во таа партија нема никаква промена.

„Таму нема нов избор тоа се некакви исти политики на деструкција, на искористувања средствата на граѓаните, истите политики да не се работи граѓаните кои ги избрале. Тоа се се оние лица кога во време на ковид им требаше помош на граѓаните одбраа да седат во своите канцеларии во Собрание и одбија да гласаат за пакетите на економски мерки“, посочи Костадиновска Стојчевска.

Наспроти тоа, додаде таа, СДСМ го става акцентот на граѓаните и во досегашниот период покажал дека ветувањата дадени пред граѓаните се реализираат.

„Нашето ветување за просечна плата од 500 евра, го исполнивме минатата година и тоа ни дава за право да кажеме дека не е недостижна цел просечната плата да биде 1.100 евра и дека минималната плата ќе достигне над 600 евра, што значи дека повторно фокусот е на граѓаните. Не сатаваме бројки како што става опозицијата дека имаат 1198 проекти и тоа личи на враќање во некои времиња во кои тие сакаат да не вратат и тоа го гледаме и по реториката и по лицата кои ги нудат. Ние ставаме акцент на граѓаните, на младите, на европската интеграција, на квалитетот на живот, на енергетиката, затоа што веруваме дека имаме капацитет да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните“, рече Костадиновска Стојчевска.