Вучиќ: Мораме да се грижиме за себе и да ја зајакнеме армијата – ни претстои време на предизвици

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска за време на обиколката на фабриката на компанијата Борбени комплекс системи во Пљаково кај Куршумлија, каде се произведуваат оклопните борбени возила „Лазар“ и „Милош“, порача дека „мора да се грижиме за себе и да ја зајакнеме армијата и одбранбените капацитети на земјата“.

„Мораме да се грижиме за себе, за сопствената армија. Очигледно е дека пред нас е време на предизвици во геополитичка смисла. Дали ќе можеме да се позиционираме на најдобар можен начин и да го зачуваме мирот и луѓето, но и земјата во овие тешки времиња, како и да одвратиме секој потенцијален агресор? Тоа е големо и важно прашање за нас“, истакна Вучиќ.