Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер ја погоди источна Индонезија, нема опасност од цунами

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди крајбрежната област на индонезиската провинција Источна Нуса Тенгара, соопшти денеска државниот институт за геофизика.

Нема опасност од цунами, објави Институтот на платформата Х, пренесува Ројтерс.

Епицентарот на земјотресот бил лоциран на 104 километри југоисточно од Град Енда, во провинцијата Источна Нуса Тенгара на длабочина од 47 километри, соопшти Институтот за геофизика.

Локалните медиуми јавија дека сообраќајната инфраструктура очигледно привремено ќе биде затворена во зоната на земјотресот за да се провери состојбата по земјотресот, а можни се и прекини на комуналните услуги, особено во близина на епицентарот на земјотресот.

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала вчера ја погоди Папуа Нова Гвинеја.