Еден од терористите кои се уапсени под сомнение дека извршиле терористички напад во „Крокус сити хол“ во московскиот регион изјави дека пукал во луѓе за пари, а неговото видео го објави главниот уредник на медиумската група „Россија Сегоднија“ и телевизискиот канал РТ. Маргарита Симонјан на каналот Телеграм.
Во видеото тој го наведува датумот на раѓање, но и дека на 4 мај пристигнал од Турција.
— Pluton (@Pluton45873221) March 23, 2024
– Пукав луѓе во „Крокус“… за пари – рекол притвореникот одговарајќи на прашања.
Прво изјавил дека требало да му бидат исплатени половина милион рубли. Според приведениот, само половина од ветената сума била префрлена на картичката.
— Pluton (@Pluton45873221) March 23, 2024
„Тој (организаторот) вети околу милион рубљи“ – изјави човекот подоцна за сумата што била ветена за убиствата.
ФСБ во петокот вечерта извести дека пукањето и пожарот се случиле пред концертот во „Крокус“ во Красногорск, во близина на Москва. Според последните податоци на Рускиот истражен комитет, загинале 115 лица.