Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека годинава до 20 март земјата имала рекорден прилив на странски директни инвестиции во вредност од 1,172 милијарди евра и посочи дека Србија, иако некои сакаат да ја вовлечат во конфликти, нема да има војни, туку мир.
„И да ве информираме, до 20 март имаме една милијарда и 172 милиони евра странски директни инвестиции, што е апсолутен рекорд на сите времиња за нашата земја“, рече Вучиќ во „Прва“.
Тој посочи дека е интересно што во втората декада на март имале германска инвестиција – Континентал, кинеска – Линглонг и американска инвестиција. „Тоа беа нашите три најголеми инвестиции“, додаде тој.
„И тоа ви кажува дека Србија успева во ова. Некои сакаат да не вовлечат во конфликти, ние нема да влегуваме во конфликти. Ние не сакаме војни. Ние сакаме мир. Но сите вие да не понижувате и да ни објасните дека добро е за нас, она што не е добро за никој друг, се што е лошо за Украина е всушност добро и за Србија и обратно. Па, извинете, тоа нема да го прифатиме“, рече Вучиќ.