Михаилоски: СДММ е посветена на унапредување на интересите и правата на младите и верувам дека направивме значителен напредок во исполнувањето на нашите обврски и ветувања

„Како претседател на Социјалдемократската младина на Македонија, неизмерно сум горд на она што го постигнавме од 2020 година па до денес. СДММ е посветена на унапредување на интересите и правата на младите во Македонија и верувам дека направивме значителен напредок во исполнувањето на нашите обврски и ветувања“,вели во интервју за „Локално“, претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија, Марко Михаилоски.

Се гордеам пред се со носењето на Законот за младинско учество и младински политики како основен закон кој дава дефиниција на категоријата млад човек и предвидува тела и механизми за младите на национално и локално ниво. Понатаму, двојното зголемување на стипендиите, студентскиот оброк за 40.000 редовни студенти во износ од 140 денари дневно. Гаранцијата за млади кои прва земја која не е членка на ЕУ ја спроведуваме, програма која предвидува можности за обука, пракса и вработување. Една од најискористените мерки е грантот за самовработување за млади до 29 години од 6000 евра неповратни средства.

Младите се опфатени и со покачувањето на минималната плата која изнесуваше 9000 денари, а сега е речиси 21.000 и се очекува повторно да се покачи. Младинскиот додадок за млади до 23 години кои работат во производствените дејности во износ од 3000 денари и кој го добиваат директно. Една од нашите примарни цели беше да го поттикнеме гласот на младите во процесите на донесување одлуки и да се залагаме за политики кои се однесуваат на потребите и грижата на младите луѓе. Преку различни иницијативи, кампањи и соработки, неуморно работевме за да го засилиме гласот на младите и да обезбедиме нивните перспективи да бидат земени предвид од креаторите на политиките, од денешна перспектива сметам дека го постигнавме токму тоа.

„Дополнително, се фокусиравме на промовирање на инклузивноста, различноста и социјалната правда во нашата организација и општеството како целина. Инициравме програми за поддршка на маргинализираните младински групи и борба против дискриминацијата во сите нејзини форми. Иако секогаш има простор за подобрување, уверен сум дека СДММ постигна значителен напредок во исполнувањето на своите обврски и ветувања. Сепак, нашата работа е далеку од завршена и остануваме посветени на продолжување на нашите напори за создавање поправедно и праведно општество за сите млади луѓе во Северна Македонија“ заклучи Михаилоски.