Брнабиќ: Во интерес на регионот е С. Македонија и Албанија да добијат датум за почеток на преговорите што е можно поскоро
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ ги повика сите земји на Балканот кои не се дел од „Отворен Балкан“ да се приклучат на иницијативата.
„Граѓаните кои живеат во регионот ќе имаат неверојатна корист од оваа иницијатива“ рече Брнабиќ.
Таа потенцираше дека Србија им дава полна поддршка на Северна Македонија и на Албанија во борбата за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ.
„Во разговорите со партнерите од ЕУ секогаш нагласуваме дека во интерес на просперитетот на регионот е овие земји да добијат датум за почеток на преговорите што е можно поскоро, но исто така е исклучително важно ЕУ да работи со БиХ за да таа не биде запоставена. Секоја нестабилност во кој било дел влијае на целиот регион“ изјави Брнабиќ.