Телефонски разговор Шолц – Макрон – Путин

Канцеларот на Германија – Олаф Шолц, претседателот на Франција – Емануел Макрон и претседателот на Русија – Владимир Путин денеска имаа телефонски разговор за Украина.

„За време на 75-минутниот разговор федералниот канцелар и францускиот претседател повикаа на итен прекин на огнот во Украина и да почне да се бара дипломатско решение за конфликтот“ -се наведува во соопштението на германската Влада.

Во соопштението се наведува дека било договорено да не се изнесуваат повеќе детали за телефонскиот разговор.

Во соопштението на Кремљ се истакнува дека тројцата лидери разговарале за прашања поврзани со договорите што се разработуваат за исполнување на барањата на Русија за Украина.

„Претседателот на Русија детално зборуваше за серијата разговори меѓу руските и украинските претставници, кои се одржаа изминатите денови во видео формат. Во таа насока, лидерите на трите земји разговараа за некои прашања поврзани за изработката на договори за спроведување на познатите руски барања. Договорено е да се продолжат контактите за украинските прашања“ – се посочува во соопштението на Кремљ.