Петровска: Овие се клучни избори, затоа што на нив ќе се одлучува, дали ќе продолжиме по европскиот пат или ќе застанеме под некоја дебела сенка

„Во овие неизвесни времиња, кога повторно конвенционалните војни се случуваат, во време кога злонмерните влијанија на земји кои не ни се пријатели се обидуваат да го поткопаат општеството ни треба Претседател кој ќе гарантира стабилност, ќе биде разумен и кој нема да се плаши да се спротиставни на некоја одлука на Владата или да врати некој закон за кој цени дека не е соодветен. Ни треба Претседател со интегритет, Претседател кој го поддржуваат и граѓаните, а не само пратеници, Претседател за кој повозрасните не служат за мајтап, туку за почит. Мислам дека во овој опис го препознавте сегашниот и иден Претседател, Стево Пендаровски, кој силно го поддржувам,“ вели минитерката за одбрана, Славјанка Петровска во интервју за „Локално“, за тоа каков претседател и треба на државата, на граѓаните, во период полн со безбедносни закани.

За тоа дали ќе биде носител на листа, Петровска вели дека е подготвена и за двата исходи.

„Се надевам и посакувам фер и демократски изборен процес, посакувам кампања во која ќе зборуваме за постигнатото, но и ќе зборувме за иднината. Но, да не зборуваме за иднината низ апстракции, туку да понудме конкретни мерки и предлози, кои ќе бидат реални и остварливи. Овие се клучни избори, затоа што на нив ќе се одлучува, дали ќе продолжиме по европскиот пат или ќе застанеме под некоја дебела сенка и додека времето поминува сите ќе одат напред, а ние ќе чекаме незнаејќи што. Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ има многу разлики, но една е особено важна, а тоа е сработеното за исполнување на нашите стратешки цели. Членството во НАТО го остваривме, можеме и членството во Европската унија да го направиме реалност,“ смета Петровска.

Таа истакнува и дека СДСМ е посветен на внатрепартиска организација и интензивни подготвки за претстојните парламентарни и претседателски избори. Како и дека СДСМ и коалицијата се подготвени на соочување со граѓаните, но и презентација на понуденото, кое нема да не враќа од почеток, туку само ќе се надогради на се она што е добро направено претходно и корегирање на пропустите.

Во врска со често употребуваната теза „или ЕУ или пропаст“ на партиските говори, Петровска вели дека ниту НАТО, ниту Европската унија имаат алтернатива.

Тој пат е единствениот пат кој на Македонија и гарантира стабилност, безбедност, повисок стандард, подобро образование, подобар правен систем, поефикасна борба со корупцијата, и најважнотот младите да бидат дома, но во Европската унија, затоа што Македонија мора да биде дел од Европската унија,“ порачува Петровска.