Зеленски ги повика лидерите на ЕУ да обезбедат дополнителна помош за Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика лидерите на ЕУ да и дадат дополнителна помош на Украина во воздушната одбрана и муницијата, како и на патот на Украина кон европската интеграција.
Зеленски, обраќајќи им се на учесниците на самитот на ЕУ преку видео врска, рече дека Русија не води само војна против Украина, туку и против цела Европа и европскиот начин на живот, објави „Гардијан“.
Зеленски посочи дека постојните системи за противвоздушна одбрана во Украина не се доволни за заштита на целата украинска територија од руска агресија и затоа е потребна дополнителна помош од ЕУ.