Русија ќе укине неколку затвори, се регрутираат затвореници за војна

Властите во руската област Краснојарск планираат годинава да укинат неколку затвори поради падот на бројот на затвореници поради регрутирање осуденици за војната во Украина, пишува денеска весникот „Комерсант“.

Весникот го цитира Марко Денисов, регионален комесар за човекови права во Краснојарск, кој им рекол на судските власти дека најмалку два локални затвора ќе бидат затворени поради „големото еднократно намалување на бројот на осудените во контекст на специјална воена операција (во Украина ),“ објави Ројтерс.

Русија регрутира затвореници да се борат во Украина од 2022 година, кога Евгениј Пригожин, починатиот шеф на приватната воена компанија Вагнер, почна да ги посетува затворите, нудејќи им на затворениците помилување доколку преживеат шест месеци на фронтот, тврди агенцијата.