„За нас како социјалдемократска партија, еден од врвните приоритети е заштита на животниот стандард на сите категории граѓани.
Во таа насока е и усвоениот сет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра со кои го штитиме стандардот на граѓаните и економијата, а обезбедуваме и поддршка на компаниите, стопанството.
Антикризните мерки на Владата предводена од СДСМ опфаќаат намалување на акцизите и ДДВ на горивата, обезбедување поддршка и за најранливите категории, поддршка на компаниите за задржување на нивната ликвидност и се однесуваат на мерки за зголемување на можноста за енергетска трансформација на компаниите по најповолни услови односно со субвенционирани каматни стапки.
Историски најмногу ги зголемивме пензиите, а обезбедивме и финансиска помош за секој пензионер од по 1.000 денари за следните три месеци.
Претходно обезбедивме ново зголемување на минималната плата која за овој месец ќе изнесува 18.000 денари. Тоа ќе поттикне раст и на останатите плати, но и повеќе пари во пензискиот фонд.
СДСМ како одговорна партија и во време на глобални кризи продолжува со навремена реализација на мерки и политики што го унапредуваат стандардот и обезбедуваат услови за забрзан економски раст“ се вели во соопштението на владејачката СДСМ.