Зеленски: Русија испраќа убијци од Сирија во Украина

Володимир Зеленски – претседателот на Украина изјави дека Русија најмува „убијци“ од Сирија за да се борат во Украина, откако Москва рече дека на борците од земјата разурната од војна ќе им биде дозволено да им се придружат на нејзините сили.

„Ова е војна со многу тврдоглав непријател кој одлучи да користи платеници против нашите граѓани. Убијци од Сирија – земја во која сè е уништено како што прават овде со нас“ – рече тој во видео обраќање објавено на „Телеграм“.

Зеленски рече дека ЕУ „треба да направи повеќе“ за неговата земја која е во проблеми.

„Европската унија мора да направи повеќе. Мора да направи повеќе за нас, за Украина“ – повика тој.

„Одлуките на политичарите мора да се совпаѓаат со чувствата на нивните народи. Вчера беше многу важен состанок на лидерите на ЕУ, долг и значаен. Знаеме што кажаа сите лидери на оваа средба, кои зборуваа конкретно, кои не поддржаа, кои молчеа и кои се обидоа да убедат дека формулацијата сè уште е недоволна за Украина, за Европа и за нашата заедничка слобода. Како ја оценуваме донесената одлука? Таа мора да биде покатегорична. Тоа е она што го чекаме“, рече Зеленски.