Министрите ќе се подноват со луксузни и моќни возила, граѓаните револтирани

Македонската влада наскоро ќе потроши впечатливи 1,6 милиони евра за изнајмување 45 нови автомобили од висока класа со зафатнина над 2.000 кубни метри.

Оваа одлука предизвика бурни реакции во јавноста, особено кога се зема предвид дека народот се соочува со економска несигурност и недостаток на средства за основни потреби.

Граѓаните се обидуваат да го разберат овој необичен избор на власта.

Додека мнозина се борат за парче леб, министрите ќе се возат во автомобили кои се далеку полуксузни од обичните.

Оваа ситуација ги поттикнува граѓаните да даваат горчливи коментари, но и да се запрашуваат дали ова е класично лицемерство или навистина е неопходна мерка?

Еден од граѓаните, Веселин Петровиќ, во разговор за „Денар“ вели:

„Ние немаме пари за леб, а власта ќе се вози во изнајмени луксузни автомобили. Зошто треба да плаќаме за нивните возила? Зошто тие пари да не се инвестираат во здравство, образование или инфраструктура? Ова е крајно несериозно и неодговорно“, ни изјави Петровиќ.

И многу други граѓани се согласуваат со мислењето на Петровиќ и ги изразуваат својот гнев и разочарување.

Владата треба да биде одговорна пред своите граѓани и да ги земе предвид нивните потреби и предизвици. Дали оваа одлука е неизбежност поради безбедност или просто лицемерство, времето ќе покаже.

Но едно е сигурно: граѓаните имаат право на објаснување и откривање на вистината зад оваа необична набавка на возила.

Сепак, пристигна објаснување од Владата од каде што велат дека изнајмувањето преку лизинг на 45 возила е редовна програма и дека „операцијата“ ќе се случи во ноември, а не сега.

„Тоа е во среднорочниот план, се знае на колку километри се менуваат службените возила и не се набавуваат сега. Мислам дека би требало во ноември да бидат набавени кога реално ќе се случи реализацијата, но бидејќи е во редовниот план за набавки, во програмите, независно на изборниот процес, државата и институциите функционираат“, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој рече и дека има надлежни служби кои одлучуваат што е поефикасен начин купување или лизинг и оти оперативен и финансиски лизинг во цел свет е најупотребуваниот механизам за службените возила поради помалите трошоци за одржување.