Во неодамнешните инспекции низ градинките, излезе на виделина една загрижувачка статистика: значителен дел од децата во главниот град се невакцинирани против пертусис, во услови на прогласена епидемија на голема кашлица.
Скопје го сноси најголемиот товар на оваа криза, со речиси половина од децата во градинка или невакцинирани или делумно вакцинирани против голема кашлица.
Додека Скопје се бори со оваа алармантна статистика, ситуацијата драматично се менува во внатрешноста на земјата.
Овде, над 95 отсто од децата ги примиле потребните вакцини, што нуди целосна контраст со дилемата на главниот град.
Рената Младеновска, директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат, ја нагласува оваа поделеност.
Mинистерот за здравство Илир Демири рече дека според податоците има 14 илјади невакцинирани деца и дека не треба да се чека да се прогласи епидемијата на државно ниво.
Тој жали што одредени деца со задоцнување се вакцинирани, но дитепер е со три дози, се спроведува во вториот, четвртиот и во шестиот месец, и вели дека ако е завршено ова, се работи за пациент што е вакциниран, потоа следува ревакцинација.
„Забраната треба да важи за пациенти што не се вакцинирани“, вели министерот.
Според него, фокусот на Министерство за здравство треба да биде консензибилизација на вакцинација.
„Сега сме пред епидемија што може да порасне, да бидеме на иста страна во обезбедување на здравјето. Комисијата ќе има состанок и коментар од тој состанок што ќе го почитуваме сите. Според прописите и сознанијата, ако некој е комплетно вакциниран, не гледам зошто да биде попречен да присуствува. Три примени дози за да биде комплетно вакциниран, а после се ревакцините. Дали децата што немаат примено ревакцина може да одат во градинка треба да кажат Комисијата за заразни болести и ДСЗИ. Да не падне сензибилитетот за кампањата за вакцинација, овие формалности ќе се решат утре по состанокот на Комисијата“, изјави Демири.