„Викинзи: Валхала“ – најгледана серија на „Нетфликс“

 ТВ-серија „Викинзи: Валхала“ на „Нетфликс“ за кратко време стана најгледаната серија на оваа стрим-платформа.

Приказната е заснована на серијата „Викинзи“, сместена на почетокот на 11 век, којашто го следи животот на некои од најпознатите Нормани – Леиф Ериксон, неговата сестра Фрејдис Ериксдотер и амбициозниот нордиски принц Харалд Сигурдсон.

Од „Нетфликс“ се задоволни од резултатите, па веќе ја подготвуваат и втората и третата сезона. Креаторот на серијата Џеб Стјуарт потврди дека снимањето на втората сезона веќе е почнато.

„Приказните за Леиф, Фрејдис, Харалд, Олаф, Кануте и останатиот дел од нашата неверојатна екипа се тајна. Можам без двоумење да кажам дека нивните патувања ќе бидат уште повпечатливи од она што сте го виделе досега!“ – изјави Стјуарт.

За две недели, гледачите минале повеќе од 113 милиони часови гледајќи ја „Викинзи: Валхала“.

На второ место е серијата „Замислувајќи ја Ана“ (Inventing Anna) – со 77,5 милиони часови гледање на светско ниво.