Раст на бројот на работниците во индустријата
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, изнесува 102.6.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи пораст од 6.0 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 2.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.8 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.5 %, Капитални производи за 17.5 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.6 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.7 %.