Вучиќ на Додик за роденден му подари апарат за правење пуканки

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, на социјалните мрежи се пофали дека добил роденденски подарок од српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Благодарам на Александар Вучиќ за честитките и подарокот. Следниот пат кога ќе се видиме ќе честам пуканки, го добив апаратот“, напиша Додик на X и објави фотографија од подарокот.

Тој сподели и видео на кое се гледа како колегите го пречекале со торта и шампањ.

„Им благодарам на колегите за убавото и топло добредојде по повод мојот роденден“, рече тој.

Инаку, Додик и Вучиќ пред неколку дена гледаа фудбалски натпревар во Србија и притоа јадеа пуканки.

По тој повод, Вучиќ на Инстаграм објави фотографија со порака: „Не ми ги чепкај пуканките“.