Во петок средба на Шолц, Макрон и Туск во Берлин, Украина главна тема

Германскиот канцелар Олаф Шолц в петок ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон и полскиот премиер Доналд Туск во Берлин, во услови на растечки француско-германски разлики за политиката на Украина, јави ДПА.

Порталот Политико вчера прв ја објави веста за најавената средба, а германски владини извори ја потврдија за ДПА.

Тоа е прва лидерска средба на таканаречената Вајмарска тројка од јуни минатата година.

Разговорите се одржуваат речиси три недели откако околу 20 шефови на влади се собраа во Париз за да разговараат за конфликтот во Украина. Конференцијата заврши со жестоко несогласување за можноста за распоредување војници во воената зона во Украина.

Групата за дијалог Вајмарска тројка е основана во август 1991 година од тогашните министри за надворешни работи Ханс-Дитрих Геншер, Роланд Думас и Кшиштоф Скубишевски во Вајмар, Германија.

Форматот првично се обидуваше да ги приближи Полска и другите источноевропски држави до Европската унија и НАТО. Иако тоа оттогаш стана помалку загрижувачко, средбите продолжија откако Русија во 2022 година ја почна инвазијата врз Украина. Тројката се состана во февруари 2022 година, а потоа повторно на маргините на Минхенската безбедносна конференција во февруари 2023 година, јави ДПА.