По 14 години Арсенал на пенали во четвртфинале на фудбалската ЛШ

Арсенал и Барселона им се придружија на ПСЖ, Манчестер сити, Реал Мадрид и на Баерн Минхен во следната, нокаут четвртфинална рунда во Лигата на шампиони (ЛШ) во фудбал.

Арсенал го елиминираше Порто, на пенали (4:2), откако по регуларните 90 минути и по продолженијата од 30 минути беше 1:0, односно 1:1 по двата меча. Во 2010-та Арсенал го елиминираа Порто, но потоа седум пати беше елиминиран во осминафиналето на ЛШ.

Подобри изведувачи на пеналите беа играчите на Арсенал, но треба да се издвои дека голманот, Шпанецот Давид Раја одбрани два удара од белата точка и беше јунак на мечот. „Топчиите“ по 14-годишна пауза повторно се меѓу најдобрите осум во ЛШ.

Давид Раја е првиот голман кој одбранил најмалку два пенала во ЛШ по Петр Чех за Челси, 2012 година, во финалето против Баерн Минхен.

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета по мечот изјави вели дека никогаш не се сомневал во квалитетите на Раја, за разлика од многумина.

– Бев сигурен во него. Го гледав уште во првите денови кај нас, низ се’ што мораше да мине, смиреноста. Гледајте го говорот на телото и одлуките што ги носи. Тоа е клучен квалитет за еден голман, рече Артета.