Околу 4 000 граѓани досега направиле увид во избирачкиот список, рокот истекува на 18 март

Околу четири илјади граѓани заклучно со 11 март направиле увид во избирачкиот список за претстојните избори. Шест од нив, како што објави Државната изборна комисија, барале промена на податоците, девет лица барале запишување на своите податоци во избирачкиот список, а петмина побарале податоците да им бидат избришани.

Увид во избирачкиот список, кој ќе биде можен до 18 март, може да се направи преку веб-страницата на ДИК, а по електорнски пат граѓаните може да поднесат и барање за измени во списокот.

Заклучно со 11 март, 21 лице поднело барање за промена на податоците по електронски пат, од кои тројца барале бришење на податоците, седуммина а за запишување во избирачкиот список.

Освен за увид во избирачкиот список, 18 март е датумот до кога граѓаните во дијаспората може да се пријават дека ќе гласаат на претстојните избори.

Според податоците на ДИК, до утринава се добиени 1 010 регистрации на лица од дијаспората, од кои 617 се прифатени, 278 се необработени, а одбиени се 115.