Црна Гора ги затвора ноќните клубови – се забрануваат и свадбите
Епидемиолошките мерки во Црна Гора од денеска забрануваат новогодишни прослави на отворено, свадби и на отворено и на затворено, а се затвораат и ноќните клубови.
Се ограничува работното време на угостителските објекти до полноќ, се забранува организирање ученички екскурзии, приватни прослави и родендени.
Црногорската Влада ја разгледува можноста од 1. декември да воведе задолжително поседување Национален дигитален ковид-сертификат за целата јавна администрација – здравство, образование, полициска управа, армија.