УЈП објави листа со должници, две фирми кои се поврзуваат со Мијалков и натаму во топ 10

Управата за јавни приходи (УЈП) објави листа со должници по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На неа се објавени имиња на 1.801 правно лице и 3.606 физички лица. Вкупно објавениот нето долг изнесува 9.829.008.706 милијарди денари. Долгот за царински давачки е 201.689.140 милиони денари.

На листата со месеци во десетте најголеми должници се и фирмите „Дивелоп груп“ и хотел „Гранд М“ кои се поврзуваат со поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков. Станува збор за долгови доспеани до 30.11.2023 и неплатени до 29.02.2024.