Претседателот Пендаровски положи цвеќе по повод 81 годишнина од холокаустот на македонските Евреи

Претседателот Стево Пендаровски по повод 81 годишнината од холокаустот на македонските Евреи, денеска положи цвеќе пред споменикот на 7144 депортирани македонски Евреи, во дворот на поранешниот скопски Монопол, од каде на 11 март 1943 македонските Евреи биле однесени во логорот Треблинка.

Претставник од Кабинетот на претседателот положи цвеќе и на градските гробишта во Бутел, пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци на НОБ.