Алексеј Навални – еден од најострите критичари на Кремљ од притвор повика на антивоени протести во Москва и во другите градови, в недела.
„Лудиот манијак Путин мора многу брзо да биде запрен од народот на Русија сега ако се спротивставиме на војната“ – се вели во пораката на Инстаграм профилот на Навални.
„Треба да одите на антивоени собири секој викенд, дури и ако се чини дека сите или заминале или се исплашиле. Вие сте столбот на движењето против војната и смртта“ – се вели во повикот упатен преку социјалните мрежи.