Ќерката на дизајнерот Гучи објавува книга за неговото убиство
По 27 години од убиството на нејзиниот татко – италијанскиот моден дизајнер Маурицио Гучи, неговата ќерка Алегра Гучи проговори за искуството, гласините, како и за наводните неточности во новиот филм.
Таа напиша книга за да ги исправи податоците за нејзината мајка и вмешаноста во убиството на нејзиниот татко – приказна која што ја освои имагинацијата на поп-културата.
„Кога ќе минете низ такво нешто, тоа е како цунами!, изјави таа за списанието „Венити фер“ за настаните од таа 1995 година. – Јас бев во мојата соба… Не спиев добро таа вечер. Мајка ми Патриција Реџијани, влегува одеднаш и ми вели дека татко ми е мртов“ – раскажува Алегра која тогаш имала само 14 години.
Платен убиец на 27. март 1995 година го уби Маурицио Гучи, кој во тоа време беше раководител на познатата модна куќа „Гучи“.
Обвинителството сметаше дека Реџијани, од којашто Гучи се разведе во 1985., била мотивирана од завист и финансиска добивка.
По 18 години затвор, таа беше ослободена во октомври 2016.
Алегра Гучи ќе ја објави книгата во вторник.