ВРЕДИ: СДСМ-ДУИ дозволија шпионирање на американски официјални лица – Зошто Македонија не го уништи овој софтвер?

Пред неколку дена, Министерството за финансии на нашиот главен сојузник, САД, ја санкционираше македонската фирма Цитрок за шпионирање со софтверот Предатор. Ова е прв пат во историјата на САД поединци или компании да бидат санкционирани поради сајбер-шпионажа, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Компанијата Цитрокс е во сопственост на израелскиот шпион Тал Дилијан, со директор Иво Малинковски, близок до владините кругови во Северна Македонија. Оваа компанија шпионираше американски функционери, новинари, експерти и други архитекти на американската политика. Низ светот, им помогна на различни режими да ги прекршат основните човекови права, шпионирајќи и таргетирајќи ги нивните неистомисленици.

Владините функционери на Северна Македонија знаеја за мрачните постапки на оваа компанија уште во 2022 година, а на црната листа беше ставена во 2023 година. Што е уште полошо, во овој период Северна Македонија претседаваше со ОБСЕ, организација чија главна мисија е безбедноста. Но, додека министерот Бујар Османи беше зафатен со патувања и фотографирање низ светот, оваа компанија пред носот на владата ги шпионираше американските функционери, вели Блерант Рамадани од коалциијата ВРЕДИ.

Да потсетиме дека овој скандал со шпионажа е само последен во низата антиамерикански и антизападни скандали, како хакирањето на американските избори од Велес, откривањето на четничкото гнездо во Министерството за одбрана, средбата на Бујар Османи со Лавров, парадирањето и сликањето со рускиот агент Александар Вучиќ и други.

Сите овие скандали само докажуваат дека Северна Македонија под владеењето на СДСМ-ДУИ, се претвори во антиамериканско и антизападно гнездо. Како членка на НАТО, таа стана тројански коњ преку кој мрачните сили ја поткопуваат безбедноста на нашите американски и европски партнери, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

По сите овие скандали, ги поставуваме следниве прашања:

1) Како е можно членка на НАТО да шпионира високи американски функционери?

2) Зошто Северна Македонија не презема ништо за уништување на софтверот Предатор на фирмата Цитрокс, иако била алармирана најмалку две години?

3) Дали софтверот Предатор се користи за шпионажа и во Северна Македонија? Дали оваа власт продолжила со тактиката на Мијалков?

4) Дали постои и каква е врската помеѓу израелецот Тал Далиан и израелската компанија која работи на кампањата на ДУИ? Дали кампањата на ДУИ се базира првенствено на шпионажа потпомогната од израелски компании?