Црна Гора интензивно им дава државјанства на руски граѓани
Владата во Црна Гора во заминување, на премиерот Здравко Кривокапиќ од 1. јануари до 15. февруари додели 28 економски државјанства на граѓани на Руската Федерација, покажуваат податоците на невладината организација Центар за граѓанско образование.
Кривокапиќ им доделил економско државјанство на четворица американски државјани со руско потекло, четворица државјани на Јужноафриканската Република, како и по еден државјанин на Украина и Узбекистан.
За 14,5 месеци Владата доделила вкупно 317 почесни државјанства, односно речиси половина од сите такви државјанства што биле доделени во изминатите 14 години од почетокот на примената на Законот за државјанства од 2008 година. П
осочуваат дека освен во случајот за 10 државјанства за кои не е наведено кој е предлагач, сите почесни државјанства од оваа Влада се дадени на предлог на Кривокапиќ.
Програмата опфаќа давање црногорско државјанство на странци, односно инвеститори, кои вложуваат меѓу 250.000 и 450.000 евра во Црна Гора.