Володимир Зеленски е подготвен директно да разговара со рускиот колега Владимир Путин, но „нема да направи никаков компромис за руската позиција за време на овие преговори“. Ова за „Си-Ен-Ен“ го изјави заменик шефот на Кабинетот на украинскиот претседател.
„Иако разговорите меѓу украинските и руските министри за надворешни работи, одржани вчера во Анталија, не донесоа никаков голем напредок, Украина не беше премногу оптимист од самиот почеток“ – рече Ихор Жовква, заменик-шеф на Кабинетот на претседателот на Украина.
„Ова е навистина добра работа што тие се сретнаа, но за жал можеме да кажеме дека министерот за надворешни работи на Русија не е тој што ја носи конечната одлука. Конечната одлука да се запре војната, да се направи прекин на огнот, да се повлечат војниците ја носи само едно лице“, рече тој.
Жовква рече дека иако Зеленски е подготвен за дипломатско решение, тој не се слушнал лично со рускиот претседател или со неговите помошници.
„Последното нешто што го слушнав од нив беше дека се уште треба да работиме во формат на две делегации… Но, погледнете, дури ни договорите постигнати за време на овие преговори не се одржуваат“, рече Жовква.
Смета дека Украина е отворена за неутралност „доколку НАТО блокот засега не е подготвен да ја прифати Украина“.
„Но, во исто време, ни требаат тешки безбедносни гаранции за Украина, така што овие ужасни војни, оваа страшна агресија да не се повторат во иднина“ – додаде тој.