„Без одлагање, дополнително ќе ги зајакнеме нашите врски и ќе го продлабочиме нашето партнерство за поддршка на Украина на нејзиното европско патување. Украина е дел од нашето европско семејство“. Ова е заедничкиот заклучок на лидерите во писмената декларација на маргините на европскиот самит во Версај, без сепак да ја отворат вратата за членство во ЕУ.
Според нацрт-заклучоците, дваесет и седумте, кои ја потврдуваат клучната улога на НАТО, ќе ја истакнат нивната желба да инвестираат „повеќе и подобро во воените капацитети“, додека одбранбената стратегија мора да биде објавена пред крајот на месецот.
Тие, исто така, ќе го испитаат планот на Комисијата за намалување на зависноста од рускиот гас за две третини оваа година, но и за намалување на увозот на јаглен и нафта од Русија, со диверзификација на добавувачите и развој на алтернативни енергии како што се обновливи извори или водород.
Додека Дваесет и седумте изјавија дека нема да може да и се дозволи на Украина забрзана процедура за пристапување во ЕУ, словенечкиот премиер Јанез Јанша не ги криеше, за време на самитот на Европската унија во Версај, поделбите меѓу „кои мислат дека Украинците се борат за своите животи и заслужуваат силна политичка порака и оние кои сè уште дебатираат за процедурите“.
Централноевропските земји на чело со Полска сакаат да го забрзаат признавањето на кандидатурата на Украина.
Дебатите завршија ноќта, околу 3:30 часот во Франција.