Вулин: Досега во Србија не е забележан масовен прилив на украински државјани!
„Досега во Србија не е забележан масовен прилив на украински државјани, па така од 25 февруари до 9 март во Србија влегле 6.784, а излегле 5.721 украински државјани“. Ова го изјави министерот за внатрешни работи на Србија – Александар Вулин на седница на Работната група за решавање на проблеми на мешаните миграциски текови.
„Лицата кои го пријавиле престојот најчесто тоа го правеле на приватни адреси, што значи дека се работи за лица кои побарале помош и засолниште кај своите роднини и пријатели. Напоменувам дека засега не очекувам масовен прилив на лица од Украина“ – посочи Вулин.
Србија е подготвена адекватно да одговори на сите предизвици и последици кои можат да бидат предизвикани поради актуелната криза во Украина, соопшти тамошното МВР.