Пендаровски не го потпиша указот за измените на Законот за игри на среќа

Претседателот Стево Пендаровски не го потпишал измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, кој што пратениците го донесоа на седница 7 февруари.

Измените и дополнувањата на овој закон предвидуваа објектите за игри на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основните и средните училишта, со цел, како што се вели во законот, заштита на младата популација од лоши и несоодветни навики за нивната возраст.

Со измените на Законот им се овозмож рок од една година на обложувалниците и автомат клубовите да ги преселат нивните деловни простории на најмалку 500 метри од училиштата.

Членови на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) тогаш протестираа пред Собранието подади усвојувањето на законот. Тие бараа од претседателот Пендаровски да не го потпишува указот за стапување во сила на законот, бидејќи како што рекоа – со него ќе се затвори гранка во која има илјадници вработени, а кои со овој закон би останале без работа.

Од Кабинетот на Пендаровски велат дека Одлуката да не го потпише Указот за прогласување на Законот е донесена врз основа на детална анализа на текстот на Законот и на постапката во која што бил донесен Закон е донесен, како и по спроведени консултации со Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

Пендаровски смета дека измените и дополнувањата на законот биле донесени преку несоодветна употреба на забрзаната процедура за усогласување на законодавството на Северна Македонија со правото на Европската Унија односно „процедура со европско знаменце“, во ситуација на отсуство на суштинско „аки“ (задолжително право на ЕУ) во областите што ги опфаќа овој Закон и фактот дека Законот не наведува дури ни лимитирано „ЕУ аки“ што може да биде релевантно, се вели во соопштението на Кабинетот на Пендаровски.

Пендаровски го повикува Собранието без одложување одново да почне дебата и постапка за ова прашање, но во редовна законодавна постапка со широка и инклузивна дебата со сите засегнати страни.