Oва што се случува со документите, конкретно со веста дека ќе се казнува ако се управуваат возила со возачка дозвола на која стои Република Македонија, а не Република Северна Македонија предизвика бројни реакции по социјалните мрежи. Ова се дел од нив:
– Ако не фатат без возачка од Северна, дали ќе може казната да ја платиме со пари на кои пишува Република Македонија?
– И парите не важат веќе?
– Сите кредити заверени на нотар на кои не им пишува Северна Македонија, од вторник нема да важат.
– Сите бракови на кои на венчаниците не им пишува Северна Македонија, од полноќ на 12.02.2024 нема да важат.
– Последна информација, после пасошите, личните карти и возачките дозволи и изводите за склучен брак на кои не пишува Република Северна Македонија од 12.02.2024 во 24:00 нема да важат, па према тоа сметајте дека државата ве развела. А за монетите и новчаниците се чека нова информација
– Овие пари важат од утре за плаќање или за палење ќумбе да ги користиме?
– А ако ме фатат на Водно при љубовен чин во возило, а јас имам стара возачка, каква казна ќе ми пишат?
– Нашите прадедовци кренаа востание ‘903-та за угнетувањето и тиранијата. Нашите дедовци водеа битки со „администратори“, фашисти, нацисти. А за кои битки ние ќе им кажуваме на нашите внуци? За битките и нападот на „участокот“ да извадиме пасош или лична карта. Катастрофа, каков народ таква власт.
– Тој што во изминатите 5 години нарачувал и пуштал во промет стари обрасци и овозможил изработка и издавање на лични документи со важност подолго од 12.02.2024 иако знаел дека важноста на истите е до 12.02.2024, на 13.02.2024 сабајле во 8 часот треба да биде во Јавно обвинителство.