Нападнат Еди Рама во парламентот, општа тепачка со полицијата

Седницата на албанското Собрание траеше само 15 минути, поради протестите и викањето на опозициските демократи, кои насилно влегоа во салата, пишува Albanian Daily News.

Премиерот Еди Рама, кој беше присутен на вчерашната седница, не можеше да зборува, а демократите се обидоа да дојдат до него, но беа спречени од обезбедувањето.

Претседателката на Собранието – Линдита Никола ја обвини опозицијата дека гледа само на сопствените, а не на народот.

Албанскиот парламент пред една недела исфрли неколку демократски пратеници, но дел од нив успеаја да влезат во собранието.

Демонстрантите се собраа и пред зградата на парламентот и се судрија со полицијата.

Инцидентите во Парламентот на Албанија веќе извесно време се повторуваат, а за време на нив пратениците од опозицијата палеле факели и фрлале столчиња.