Спасовски не се согласува со Зибери: Нова тура обрасци за лични документи стигнува во понеделник

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски контра народниот правобранител Насер Зибери, кој алармираше дека нема доволно обрасци за издавање на лични документи. Спасовски уверува во спротивното.

Тврди дека залихите не се завршени, а нова количина стига во понеделник. Нема објаснување за хаосот со издавањето на личните документи, фокусот е на продолжувањето на процедурата и по 12ти февруари.