Милатовиќ: Ќе се залагам за подобрување на условите за работа на новинарите

Претседателот на Црна Гора – Јаков Милатовиќ рече дека ќе се заложи за подобрување на условите за работа на новинарите.

Тој упати честитка по повод 23 јануари – Денот на новинарите на Црна Гора.

„Денот на новинарите е можност да се потсетиме на важноста од подобрување на статусот на медиумските работници во Црна Гора, како и зајакнување на нивната правна заштита. Искрено ќе се залагам за подобрување на условите за работа на новинарите за да можат да ја вршат оваа важна работа во безбедна средина“, напиша Милатовиќ на социјалната мрежа Х.