
Советот на Град на Скопје попладнево ги изгласаа субвенции во износ од 11 милиони евра за ЈСП Скопје. „За“ гласаа 25 советници на втората вонредна седница што се одржа денеска.
Градскиот Совет на Скопје претходно не ги изгласа субвенциите за ЈСП, средства кои треба да се искористат за исплаќање на заостанатите плати на вработените во јавниот превоз.
За точката на денешната седница на Советот, 22-ца советници гласаа „за“ субвенциите, додека 13 советници од ВМРО-ДПМНЕ беа воздржани. На тој начин субвенциите не поминаа.
Од денеска вработените во ЈСП почнаа со штрајк поради неисплатените плати за декември. Денеска јавен превоз имаше само меѓу 4:50 и 9:00 за да се пренесат учениците до училиштата. На повеќе постојки низ Скопје има зголеме број на луѓе кои чекаат станици надевајќи се на автобус.