Зголемен број починати од Ковид-19 во Грција
Во периодот од 8 до 14 декември во Грција е регистрирано намалување на бројот на заразени со Ковид-19, на хоспитализирани лица и на приклучени на апарати, но зголемен е бројот на починати, вкупно 103, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ).
Според неделниот извештај на ЕОДИ, починатите 103 лица се на возраст од 52 до 99 години и има зголемување во споредба со една седмица претходно, кога бројот на починати беше 90.
Хоспитализирани биле 1. 162 лица, за 27 отсто помалку од просекот во изминатите четири седмици, а намалување има и кај пациентите приклучени на апарати.
Позитивноста кај сите тестирани примероци, според ЕОДИ, бележи значително намалување во однос на претходната седмица. Во однос на подваријантите присутни во Грција, доминантна е JN.
1 со 44 проценти, а потоа е EG. 5 (Ерис) со 31 отсто.