Хакери објавија украдени податоци за српска EPS

Хакерите кои неодамна го оневозможија онлајн системот на „Електропривреда Србија“ (ЕПС), а потоа побараа еден вид „откуп“ за да им ги вратат сите податоци на сопствениците, вчера објавија повеќе од 34 гигабајти кориснички податоци на интернет и овозможија да ги преземат преку блогот Qilin, на мрежата Onion, соопштуваат медиумите во соседството.

Воедно, најавено е дека вториот дел од базата на EPS ќе биде објавен во понеделник, на 22 јануари.

Линкот кој води до можност за преземање на досега објавените податоци може да се најде на социјалните мрежи.