Пожар во казино во Велес, се евакуираат жителите

Попладнево се случи пожар во казиното „Адмирал“ во новиот дел на градот Велес. Пожарот се случил околу 18 часот во месноста Багремче.

Полицијата и противпожарните возила уште веднаш излегоа на терен. Во гаснењето се вклучени две возила на ТППЕ од Велес, а местото го обезбедува полицијата.

Како што се првичните настани, кога настанал пожарот во казиното немало луѓе. Освен луѓе, надвор од опасност се и околните објекти и становите во самата зграда.

Медиумите пишуваат дека и покрај тоа што нема опасност, се врши евакуација на жителите од зградата.