Интернет безбедноста во регионот е најниска во Албанија

Поединците и бизнисите се повеќе се потпираат на информатичката технологија, но покрај придобивките, ова и има негативна страна, како што е изложеноста на сајбер закани кои ја компромитираат безбедноста на интернетот. Под безбедност на интернет се подразбира и безбедноста за активностите и трансакциите што се вршат преку него, пренесува Албанија Дејли њуз.

Според податоците на Балкан Барометар, бизнисите во Албанија се изјасниле дека најчесто имаат проблем со вирусите кои се добиваат преку интернетот. Албанија има најголем процент на бизниси во земјата кои се соочиле со овој проблем. Другите проблеми поврзани со несигурноста на интернетот се и хакерските напади, како и лажното прикажување на идентитет или крадењето на податоците.

Во конкретни бројки, само 1% од анкетираните бизниси се соочиле со проблеми со хакерски напади и 2% од нив се соочиле кражба на податоци, додека за 64% од бизнисите, онлајн искуството им било безбедно и без проблеми.

Истите неизвесности се среќаваат и во другите балкански земји каде ризикот од вируси е пораспространет. Во компаративната анализа меѓу балканските земји,по Албанија, наведени се Косово, Северна Македонија и Црна Гора како најризичните земји во интернет мрежата. Поточно, 25% од бизнисите во Косово и 15% од бизнисите во Северна Македонија и Црна Гора се соочиле со вируси додека користеле интернет.

Од друга страна, Босна и Херцеговина се чини дека е земја со највисока компјутерска безбедност, каде што 87% од анкетираните бизниси не доживеале проблеми поврзани со безбедноста на податоците или трансакциите извршени преку интернетот.

Со мала разлика, на листата се приклучува и Србија, каде 84 отсто од бизнисите изјавиле дека безбедноста на интернетот била висока и тие никогаш немале проблеми.