
Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Југослав Тодоровски почина вчера по долго и тешко боледување во својот дом во Скопје, опкружен со најблиските.
Беше градоначалник на Скопје од 1986 до 1991 година, по неколку претходни државни функции.
Професионалната кариера како градежен инженер ја почна и заврши во „Гранит“, како негов втор човек, а во политиката ќе остане запаметен како мудар и умерен човек.
Неговото семејство објави дека погребот ќе се одржи на градските гробишта во Бутел во Скопје, во петок, а последен поздрав ќе може да му се оддаде во капелата од 11 до 12 часот.